Стратегот на Милан, Стефано Пиоли одби да им се извини на навивачите по вчерашниот дебакл од Интер од 1:5, потенцирајќи дека не чувствува дека е виновен ниту за овој, ниту за претходните четири во низа од градскиот ривал.
Изјавата на Пиоли по мечот беше малку изненадувачка кога во прашање се фановите, бидејќи многумина очекуваа тренерот да преземе вина по еден таков дебакл на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам намера да се извинам. Дали некој тука мисли дека ние намерно примивме пет гола? Жал ми е, но сметам дека се извинува само некој кој нешто прави намерно. Кога во прашање се поразите на претходните натпревари, можете да мислите што сакате.
Навистина загубивме пет по ред, но верувам дека можеме да бидеме подобри во следните натпревари. Интер е силени и не изненади, ние со некои слаби реакции им помогнавме да дојдат до убедлив триумф“, изјави Пиоли.
Во овој момент Милан е на третата позиција со девет освоени бодови и во следното коло ќе се соочи со Верона.