Милан вчера му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло, а денес и официјално за негов наследник го постави Стефано Пиоли.
Пиоли потпиша двегодишен договор со „росонерите“ и попладнево официјално беше претставен пред медиумите на пресконференција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Прво сакам да кажам дека промената на тренерот е пораз за сите. Не сме среќни што направивме промена за толку кратко време, но сметавме дека е неопходно. Знаеме дека разочарувањето кај фановите е големо, тоа е нормално бидејќи Милан е голем клуб и се очекува секогаш најдобро“, изјави Бобан.
„Знам дека доаѓам во еден од најголемите клубови на светот. Доаѓам со голем ентузијазам и знам дека Милан има добар тим за да ги оствари целите оваа сезона. Јас знам дека фановите се разочарани, тие имаат право на тоа, но тоа ќе биде поголем стимул за мене“, изјави Пиоли.
Пиоли ја почна тренерската кариера во 1999 година, и до сега ги водеше Киево, Палермо, Болоња, Лацио и Интер, а последното искуство му беше на клупата на Фиорентина,