Пикси донел конечна одлука!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси како што стојат работите ќе остане на кормилото на репрезентацијата и покрај неуспехот на Европското првенство.

Пикси сака да остане на чело на српската репрезентација и нема да поднесе оставка, пренесува „Спортски журнал“.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Српскиот селектор е под притисок по лошите настапи на Србија на Европското првенство во Германија, каде што Србија постигна само еден гол и освои два бода на три меча од групната фаза и беше елиминирана како и на Мундијалот во Катар.

Пред почетокот на ЕП Пикси потпиша нов договор и сега нема намера да поднесе оставка, додека во случај Фудбалскиот сојуз на Србија да сака да го отпушти ќе треба да му исплати оштета од еден милион евра.

Во изминататите денови во Србија се шпекулираше за нови имиња на клупата, а се споменуваше дури и името на поранешниот германски селектор, Јоаким Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Познати детали за повредата на Трајковски

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски кој се повреди на стартот од подготовкитеќ е мо…