Дома Топ вести Пике ја отвори душата: Свирежите нема да ме предомислат, горд сум што го носам дресот на Шпанија

Пике ја отвори душата: Свирежите нема да ме предомислат, горд сум што го носам дресот на Шпанија

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике е во центарот на вниманието, па денес одлучи да се појави пред новинарите и ја прокоментира целата ситуација.

Пике е голем поддржувач за независност на Каталонија, гласаше за независност на референдумот, а тоа предзивика револт кај навивачите на шпанската репрезентација.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Поради тоа Пике со свирежи и навреди беше пречекан на тренингот на шпанската репрезентација и стана тема број еден во сите спортски медиуми.

Денес медиумите пренесоа играчот добил поддршка од федерацијата, селекторот и соиграчите па ќе продолжи да го носи дресот на „црвената фурија“, а истото го потврди Пике на пресконференцијата.

„Првиот ден со репрезентацијата беше тежок. Никогаш не е убаво кога луѓето се против тебе. Не беше лесно да се слушнат свирежите, но тоа за мене е предизвик. Никој не може да ја доведе во прашање мојата лојалност кон репрезентацијата. Тука сум од својата 15-та година и репрезентацијата е мое семејство. Горд сум на шпанскиот национален тим и никој не смее да се сомнева во мојата лојалност, но барам да се почитува моето мислење“, истакна Пике.

Голем број навивачи бараат тој да си оди од репрезентацијата, но Пике категорично потврди дека останува.

„Разговаравме во соблекувалната и по многу размислување донесовме одлука дека останувам во репрезентацијата. Така е најдобро. Мојот однос со Серхио Рамос е одличен и ние и понатаму ќе бидеме „партнери во злосторство“. Се што слушате и читате за нас дека не се поднесуваме поради политичките убедувања е лага“.

„Ние сме фудбалери, но пред се сме луѓе. Невозможно е сите да размислуваме на ист начин, но сметам дека сите имаме право да гласаме и имаме право нашиот глас да се чуе. Јас само го кажував она што го чувствувам и мислам, никогаш не сум бил ни на една страна и истовремено против другата“, заклучи Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…