Дома Фудбал Пике ја критикуваше управата на Барселона, по што веднаш бил повикан на разговор

Пике ја критикуваше управата на Барселона, по што веднаш бил повикан на разговор

Барселона овој викенд гостуваше кај Гетафе и стигна до победа со резултат 2:0.

Каталонците запишаа нови три бода, но многу повеќе се зборуваше за изјавата на Пике после натпреварот, отколку за победата на Барса.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Стоперот на клубот од „Камп Ноу“ го критикуваше раководството на клубот затоа што стои зад неодамнешната статија во која се критикува моќта на Пике во соблекувалната.

„Мора да бидеме заедно, и кога ќе кажам заедно, мислам и на навивачите и на раководството“ – изјави Пике пред новинарите после натпреварот.

„Го познаваме клубот многу добро, ги знаеме весниците и знаеме кој ги пишува текстовите, дури и ако некој друг ги потпише“, додаде Шпанецот.

На управата на клубот не им се допаднала изјавата на Пике и денеска веднаш го повикала на разговор бидејќи сметаат дека тоа што го изјавил играчот на Барселона во реалноста нема основа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик по паузата го очекуваат две одлични вести

Фудбалерите на Барселона пред да заминат на ноемвриската пауза успеаја да му се приближат …