Барселона не успеа да слави во градското дерби против Еспањол, во рамки на 22. коло во Примера, каде обете екипи ремизираа со резултат 1:1.
Со оглед на условите во кои се одигра, односно лошата состојба на стадионот, натпреварот и не беше така лош.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Второто полувреме повеќе личеше да ватерполо поради теренот, отколку на фудбал. А екипата на Санчез Флорез ја имаше победа во рака, како неодамна во Купот. Поведе Еспањол кога Гарсија центрираше, а со глава во мрежата на Барселона ја смести Џерар Морено.
Барселона се спаси од пораз благодарение на Џерар Пике и тоа со погодок со глава по корнерот изведен на осум минути пред крајотна мечот. Инаку, Лео Меси натпреварот го почна од клупата, но во 59. минута мораше да влезе во игра и токму тој асистираше на Пике.