Барселона во последните недели е во центарот на нов скандал поради „случајот Негреира“, односно обвинувањата дека купувала судии.
Каталонците се обвинети дека плаќале за да имаат подобар статус кај судиите, а на оваа тема се огласи и Жерард Пике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш не сум го сретнал господинот Негреира, ниту пак, неговиот син. Подготвен сум да дадам заклетва и да сведочам пред судот, одговорно тврдам дека Барселона никогаш не поткупувала судии. Сите знаат како се поткупува судија, се сретнувате со него на договорена локација, му врачувате коверт со пари и заминувате. Тоа е најлесниот и единствениот начин за такво нешто“, изјави Пике.
„Без разлика каков хаос се обидуваат да направат, никој никогаш нема да може да го оцрни нашиот најдобар тим во историјата кој постигна неверојатни успеси. Сега сите се обидуваат гневот на навивачите на другите клубови да го насочат кон Барса. Ние играчите како одминува времето ги запознаваме судиите и знаеме какви се. Сепак, тренерите кои кога ќе дојдат во клубот не ги познаваат и затоа клубовите плаќаат судии советници“, додаде легендарниот дефанзивец.