Дома Фудбал Пике открива: Играчите на Реал и Барса имаат WhatsApp група и се „пецкаат“ како мали деца!

Пике открива: Играчите на Реал и Барса имаат WhatsApp група и се „пецкаат“ како мали деца!

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике откри дека фудбалерите се забавуваат и се „пецкаат“ преку социјалните мрежи.

Имено, Пике откри дека направил група на „WhatsApp“ во која вклучил и неколкумина фудбалери на Реал Мадрид.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Сите знаат дека ние фудбалерите имаме групи на WhatsApp. На почетокот на сезоната кога имавме 8-9 бода предност пред Реал, создадов група со играчи од Реал и Барса. Се смееме и се зафркаваме едни со други. Групата е фантастична, како мали деца сме. Веќе водиме со 15 бода и можам да си дозволам многу креативни зафрканции“, открива Пике.

„Секогаш кога ќе не победат на Инстаграм објавуваат слики покажувајќи мускули. Им кажав, оваа година нема да „надувувате мускули“. Можеме да се зафкаваме меѓу себе бидејќи се чувствуваме како браќа и сме заедно во националниот тим“, додаде Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…