Дома Фудбал Пике организираше вечера за играчите на Барселона и донесе специјален гостин

Пике организираше вечера за играчите на Барселона и донесе специјален гостин

Барселона не ја отвори сезоната на најдобар начин и јасно е дека постојат одредени проблеми во каталонскиот клуб.

Во последните 25 години ова е најслаб почеток на една сезона во Ла Лига за Барселона, а многумина веруваат дека клубот мора да реагира и да му се заблагодари на соработката на Валверде.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека играчите на Барса му свртеле грб на Валверде и им дале јасно до знаење на челниците во клубот дека сакаат негова замена. Атмосферата во соблекувалната не е најдобра што повеќе не е тајна.

Интересно е што синоќа играчите на Барса имале заедничка вечера која ја организирал Пике, а на истата не биле членовите на управата и стручниот штаб.

Единствените играчи кои ја пропуштија вечерата се Луис Суарез и Иван Ракитиќ од оправдани причини. Пике имаше посебно изненадување за своите соиграчи бидејќи на вечера го поканил најдобриот МотоГП возач Марк Маркез, кој едноставно таков повик не може да одбие.

Маркез навива за Барселона, а исто така е добар пријател и со неколку играчи на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …