За Нејмар веројатно ќе се пишува до крајот на преодниот рок, Бразилецот сака да се врати во Барселона и тоа е јасно, но засега изгледа тој трансфер не е реален, барем така изгледа.
Можноста за Нејмар да се врати во Барселона ќе остане отворена до крајот на преодниот рок. На оваа тема сега зборуваше дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике го советуваше дека ако навистина Нејмар сака да се врати во Барселона тоа да излезе и јавно да го каже.
„Таа операција ми изгледа комплицирана. Без сомневање е одлично е да имате играч како Нејмар во тимот. Меѓутоа тој треба да покаже дека сака да дојде. Се разбира дека ние разговараме со него, но не е добро јавно да зборувам за приватните разговори. Оној кој треба да излезе и да зборува е Нејмар“, изјави Пике.