Дома Фудбал Останато Пике: Ако може Ѓоковиќ да има бизнис, зошто јас да не можам?

Пике: Ако може Ѓоковиќ да има бизнис, зошто јас да не можам?

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике неодамна се најде во центар на скандал заедно со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес.

Беше објавено дека неговата компанија „Космос“ учествувала во организација на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија во замена за провизија од неколку милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пике во интервју за „Екип“ кажа дека не гледа ништо лошо во тоа и се спореди со најдобриот тенисер во светот.

„Немам што да кријам, тоа е легално. Велат дека постои судир на интереси, но јас не го гледам така. Единствено против законско е тоа што некој ги добил приватните пораки и ги објавил во медиумите. Ѓоковиќ организира турнир во Белград, тој пред неколку дена учествуваше на него. Зошто да не можам и јас да имам бизнис?“, вели Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…