Трофејниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до крајот на Европското првенство во 2025 година.
Новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ се сретнал со Пешиќ и „начелно договорил соработка до крајот на Европското првенство во 2025 година“
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Се очекува ова првенство да биде проштално за Пешиќ, а најавите се дека по одличните игри во Париз сите ѕвезди, предводени од Никола Јокиќ ќе бидат дел од репрезентацијата.
Без разлика на резултатот на ЕП по завршувањето на шампионатот Србија ќе бара нов селектор.