Изминатата сезона во НБА лигата им припадна на Лос Анџелес Лејкерси кои се вратија на најголемата сцена, но и Лука Дончиќ украде добар дел од јавноста.
Дончиќ беше еден од поважните играчи во лигата. Неговиот напредок е забележителен, а сега за него пишуваше шпанска „Марка“ која даде пет причини зошто Дончиќ би можел да биде следниот МВП во НБА лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
НЕГОВИОТ НАПРЕДОК МОРА ДА ПРОДОЛЖИ
Напредокот на Дончиќ е најдобра гаранција. Не само што од тој аспект изненади, туку и почна да ги плаши ривалите. Со самото тоа што беше играчот со најмногу трипл-дабл учиноци (17) веќе се доближи до МВП наградата.
ДАЛАС БИ МОЖЕЛ ПОВЕЌЕ ДА ПОБЕДУВА
„Ол Стар“ играчите доаѓат од екипа која е победничка. И тоа Далас беше после неколку години барајќи се. Тимот од Тексас се обиде да го засили тимот за да дојде до поголем број победи.
Здрав Кристапс Порзингис, повеќе играчи како Џош Ричардсон, плус останатите како што се Тим Хардвеј или Џејмс Џонсон веќе му дадоа солидна цврстина на тимот.
МИНУТАЖАТА
МВП наградата ја добиваат играчи кои имаат многу минути во нозете. Тоа е и логично. Колку повеќе си на паркетот, толку повеќе може да придонесеш за својот тим, а Дончиќ е апсолутен лидер на Далас и во тој поглед нема конкуренција. Ќе може да игра колку што сака и сигурно ќе сака што повеќе да биде на теренот.
НЕМА СЛАБОСТ ВО ИГРАТА
Лидер, поенте, скокач, паметен играч – многу работи го красат Дончиќ. Со просекот беше блиску до трипл-дабл минатата сеозна и имаше: 28.8 поени, 9.4 скокови и 8.8 асистенции.
Неговото влијание на тимот е огромно. Знае да додаде на феноменален начин и да шутира од дистанца. Само прашање на време е кога ќе го надмина просекот од трипл-дабл.
ОВА МОЖЕ ДА БИДЕ ГОЛЕМА ГОДИНА ЗА ДАЛАС
Западот ќе биде отворен. Лејкерси се фаворити, а се предвидува за второто место да се борат Клиперси, Денвер и Далас. За Дончиќ да има шанси да биде МВП Далас мора да биде помеѓу четирите екипи во пред плеј-офот.