Дома Топ вести Пет големи трансфери зависат само од еден играч, а тој молчи!

Пет големи трансфери зависат само од еден играч, а тој молчи!

Официјалниот трансфер период започна, а пред нас се неколку возбудливи трансфери за кои веќе долго време се шпекулира.

Прво, главната тема беше младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума за кој изгледаше дека ќе ја заврши својата кариера во Милан и ќе ја продолжи во ПСЖ или Реал. Денеска сепак пристигнаа вести од Италија дека Донарума по разговорот со претседателот на клубот одлучил да остане во Милано.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


По Донарума, Роналдо беше во центарот на вниманието, бидејќи наводно најави заминување од Реал поради недоволната поддршка од клубот по обвинението за затајување на данок, но неодамна се огласи и претседателот на Реал велејќи дека Роналдо останува верен на Реал.

Сега во центарот на вниманието е Алексис Санчез за чие заминување се пишува со месеци. И понатаму не е заклучена приказната за неговото заминување, иако Санчез како насловно лице се фотографираше во претставувањето на новите дресови на Арсенал.

Сепак, не се менува сагата во врска со неговиот трансфер во Баерн кој во еден период се чинеше како завршена работа. Имено, од потписот на Алексис Санчез ќе заврши судбината на минимално пет фудбалери.

Запрашано е останувањето на младото дуо од Баерн, Даглас Коста и Ренато Санчез, но и иднината на напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру кој веќе долго време ја грее клупата во Арсенал токму поради Алексис Санчез.

Во врска со овој траснфер, се доведува во прашање и судбината на Дани Велбек, напаѓачот на Арсенал. Имено, Баерн во случај на доведување на Алексис ќе мора да пушти некој од важните играчи за ротација. Даглас Коста е веќе, имплицитно, ставен на трансфер листата и само се чека вистинската понуда.

Затоа, доколку Санчез потпише за Баерн како што се очекува, Оливие Жиру ќе остане во Арсенал и ќе се бори за место во првите 11. Доколку Санчез остане, тоа ќе биде јасен знак дека Жиру, а и Велбек можат да бараат нова средина за докажување.

Во слична позиција е и младиот крилен напаѓач на Арсенал, Алекс Окслејд-Чемберлен. Веќе некое време се пишува за негово заминување во Ливерпул, доколку не добие минутажа која смета дека заслужува. Секако, доколку Алексис го напушти Арсенал за очекување е поголема минутажа на младиот Чемберлен.

Понатаму, Алексис Санчез во моментов е „кочница“ во продолженија на кариерата на минимално пет играчи, иако во контексот на приказната би можел да се прошири и на многу поголем број на фудбалери, бидејќи најавени се многу заминувања и доаѓања во наведените клубови.

Баерн покажа дека нема да „штеди“ во овој трансфер период со доведување на четири играчи, а се е поизвесно дека Арсенал ќе направи се за да ги обезбеди услугите, на во моментов најбараниот напаѓач, Александре Лаказет.

Доколку Лаказет потпише, сценариото што претходно беше наведено се чини се поизвесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…