Британскиот возач Луис Хамилтон денес оствари победа во трката за Големата награда на Шпанија која се возеше во Барселона.
Иако не стартуваше од првата позиција Хамилтон денес после првата кривина успеа да стигне до првата позиција бидејќи ја искористи борбата на Ботас и Фетел.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од друга страна неговиот тимски колега Ботас падна на втората позиција која ја држеше до крајот додека зад него се случија неколку промени, Верстапен успеа да стигне до победничкиот пиедестал.
Двоецот од Ферераи, Фетел и Леклер заврши на 4-тата и 5-тата позиција.
Инаку за Мерцедес ова е петта двојна победа од пет трки, додека за Хамилтон беше 76-ти триумф во кариерата.