Дома Топ вести Петр Чех има револуционерна идеја која би ги решила голманските проблеми при изведување на пенал

Петр Чех има револуционерна идеја која би ги решила голманските проблеми при изведување на пенал

Легендарниот голман Петр Чех не е задоволен од новите ВАР правила.

Голманите често ја напуштаат гол-линијата и потоа пеналот се повторува. Фабиански одбрани пенал на натпреварот Лидс – Вест Хем, но ја напушти гол-линијата, па Клих мораше повторно да шутира од белата точка.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Чех сега предлага голема промена.

„Како еден голман може да покрие простор со ширина од седум метри и 32 сантиметри и височина од два метра и 44 сантиметри, а да не се помести од линијата кога некој му шутира од 11 метри со просечна брзина од 70 километри на час, што значи дека на топката и се потребни 0.35 секунди да стигне до мрежата.“ – напиша Чех и додаде:

„Едноставно не го разбирам форсирањето на тоа правило. Лесно е да критикуваш без понудени решенија, па еве јас нудам едно. Може ли судијата пред да биде изведен пеналот со спреј да повлече уште една линија на одредена оддалеченост од основната гол-линија па голманот да мора да брани во тој простор? Тоа ми се чини како добра идеја.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тудор дебитираше со реми на клупата на Јувентус: Погледнете ги головите

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено во дерби натпреварот од 31. коло на италиј…