Maкедонскиот прославен кошаркар, а денес претседател на МКФ, Петар Наумсковски во интервјуто за „basketball.mk“ открива интересни детали од минатото.
Наумоски во интерјвуто открива дека во моментите кога бил во најдобра форма, еден од клубовите кои сакал да го доведе во своите редови бил големиот НБА клуб Чикаго Булс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште поинтересен е фактот што во тоа време за Чикаго настапуваше идолот на многу генерации и кошаркарска легенда Мајкл Џордан.
„Во Ефес во 1996 година бев прогласен за најдобар играч во Европа според францускиот весник „Л’Eкип. Тоа време Ивица Дукан кој и денес работи како скаут за Чикаго Булс во Европа и мој добар пријател директно ми понуди да играм за големиот НБА клуб. Помина многу време, па сега можам да ги откријам и финансиските услови. Понудата изнесуваше 750.000 долари по сезона, додека најмалата плата во тоа време во НБА изнесуваше 450.000 долари“.
„Јас во Ефес заработував три пати повеќе, но тие не беа спремни да ми понудат поголем договор бидејќи најголемиот дел буџетот за плата беше резервиран за Мајкл Џордан“.
„Јас имав еден услов да ми гарантираат дека ќе добивам најмалку 20 минути по натпревар. Но добив одговор дека морам да се изборам за тие 20 минути, па на 28 години сметав дека е непотребно да имам авантура во САД. Доколку ја прифатев понудата знаев дека ќе имам проблеми со минутажата“, откри Наумоски за „basketball.mk“
Koмплетното интервју на Наумоски можете да го прочитате тука.