Дома Луд Спорт Перуанците предизвикаа земјотрес, и тоа буквално!

Перуанците предизвикаа земјотрес, и тоа буквално!

Перу после повеќе од 30 години се пласира на Светско првенство и покажа дека има квалитетна репрезентација која не случајно е пред многу големи репрезентации на ФИФА ранг листата.

Синоќа го победија 2:0 Нов Зеланд во баражот и заслужено се пласираа на Мундијалот, каде можат да бидат едно од најпријатните изненадувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека во Перу се живее за фудбалот ни покажува фактот дека половина од нацијата синоќа сакаше да биде на стадион кој прима само 50.000 гледачи.

Токму тие 50.000 луѓе синоќа направија нешто неверојатно, предизвикаа мал земјотрес според Рихтер. Сеизмолозите забележаа земјотрес токму во секундите кога Џеферсон Фарфан постигна гол за 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …