Дома Топ вести Перез проговори за Мбапе и го разбранува фудбалскиот свет!

Перез проговори за Мбапе и го разбранува фудбалскиот свет!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез со својата изјава ја „заскокотка“ фантазијата на фановите на „кралскиот“ клуб и најави спектакуларен тандем.

Имено, првиот човек на Реал Мадрид гостувајќи во една радио емисија во Монте Карло отворено проговори за новата француска ѕвезда, Килијан Мбапе.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Перез не негираше можно доаѓање на ѕвездата на Монако на „Сантиаго Бернабеу“, но потврди дека не сака да се откаже од Карим Бензема.

„Карим е микс на Зидан и Роналдо и дефинитивно најдобра „деветка“ во светот. Убеден сум дека ќе остане во Реал. Многу сум среќен што го имаме во тимот и сигурен сум дека нема да имаме проблем за продолжување на соработката“, изјави Перез.

„Тандем Бензема – Мбапе? Секако дека е можно. Сепак, преферирам да зборувам само за играчи на Реал Мадрид, но Мбапе е навистина многу добар“, одговори претседателот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…