Дома Топ вести Перез пресече: Познат наследникот на Зидан!

Перез пресече: Познат наследникот на Зидан!

Реал Мадрид синоќа потона до катастрофални минус 16 во однос на Барселона, а Флорентино Перез после натпреварот слезе во соблекувалната на „кралевите“.

И покрај успешната 2017 година наводно веќе се запалил алармот на „Сантиаго Бернабеу“, па шпанските медиуми се погласни шпекулираат за смена на Зинедин Зидан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во игра за наследник на Зидан наводно има неколку имиња, но Флорентино Перез сака само еден човек, а тоа е германскиот стратег.

Станува збор за актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп кој веќе втора година не успева да стигне до трофеј со „црвените“. Шпанските медиуми тврдат дека Перез ќе направи се за да го донесе Германецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Ливерпул сигурно нема да сака да се раздели со својот тренер, но Перез е спремен да го плати неговиот раскин на договорот.

Шпанските медиуми тврдат дека Клоп може да донесе стабилност во соблекувалната на Реал и дека играчите немаат ништо против неговото доаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…