Дома Фудбал Останато Перез: Отидов во Париз по Ибра, но тој е само еден обичен силеџија

Перез: Отидов во Париз по Ибра, но тој е само еден обичен силеџија

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сакал да го доведе Златан Ибрахимовиќ на „Сантиаго Бернабеу“ за да игра во тандем со Кристиано Роналдо.

Перез сметал дека на тој начин ќе ја прекине доминацијата на Барселона и заминал во Париз на преговори со Ибра, а сега откри интересни детали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Силно сакав да го доведат Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ. Сметав дека во тој момент е на исто ниво со Кристиано Роналдо. Сакав двајцата да играат во тандем за да ја запреме доминацијата на Барселона. Но, како што течеа преговорите сфатив дека него му се поважни парите, отколку да освојува трофеи“, открива Перез.

„Сакаше двојно поголема плата од Роналдо. Состанокот изгледаше како тој да дојде да потпише со мене, а не јас со него. Ми рече дека ќе преговараме само под негови услови. Му реков, во ред, збогум. Тој е обичен силеџија“, додаде Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Катастрофата во Албасете не беше најлошото што му се случи синоќа на Арбелоа, зборовите на Перез го „уништија“

Алваро Арбелоа доживеа катастрофален почеток на клупата на Реал Мадрид бидејќи тимот неоче…