Сагата околу трансферот на Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид на големо трае.
Азар веќе некое време се наоѓа на мета на „кралевите“ и судејќи според се ова лето ќе му се оствари сонот да го облече дресот на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна англиските и шпанските медиуми објавија дека е се договорено и се чека само да се одигра финалето во Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Челзи после што официјално ќе биде објавено дека Азар пристигнува во Мадрид.
Сега отворено за ситуацијата зборуваше првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Порез кој изрази надеж дека после неколку години во кои се обидуваат конечно ќе успеат да го купат Азар.
„Многу сум заинтересиран тој да дојде во Реал Мадрид и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Веќе неколку години наназад се обидуваме да го доведеме Азар и се надевам дека оваа година ќе успееме“, изјави Перез.
Очекувањата се трансферот на Азар да биде официјализиран после утрешното финале во Лигата на Европа, а од неговиот трансфер Челзи би требало да заработи околу 100 милиони евра.
Проблем за Челзи во случај на заминување на Азар ќе биде тоа што „сините“ во преодниот рок што следи и наредниот зимски имаат забрана за купување и не би можеле да доведат адекватна замена за Белгиецот.