Дома Фудбал Останато Перез не се задоволува со нов формат на ЛШ сака суперлига само за богатите

Перез не се задоволува со нов формат на ЛШ сака суперлига само за богатите

Долго време се преговара за менување на форматот на Лигата на шампионите. Се додаваат и одземаат клубови, но претседателот на Реал сака да формира „чиста лига“.

Флорентино Перез разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за формирање на нова лига. Според пишувањето на „Њујорк Тајмс“ Перез инсистира на создавање на ново натпреварување во кое би играле само најелитните и најбогатите клубови. Тоа значи дека не го интересира ниту идејата за новиот формат со 32 клуба во Лигата на шампионите кој се најавува за 2024 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Перез сака натпреварување со 20 клубови, поголем дел од топ 5 првенства. Тоа значи дека тие лиги би можеле да останат без своите најдобри клубови. Замислете ја Премиер лигата без Ливерпул или Манчестер Сити, Ла Лига без Барса или Реал…Тоа би било буквално уништување на домашните првенства на сметка на нова лига. Нема да има судари на „Давид и Голијат“ и тоа можеби ја одзема страста кај навивачите.

Сепак, прашање е и доколку овој предлог биде официјално доставен дали сопствениците на другите клубови ќе сакаат да го следат Перез. Засега изгледа тешко остварливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…