Дома Фудбал Перез: Не сакаме да играме во Америка

Перез: Не сакаме да играме во Америка

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека не сака неговиот клуб некои натпревари да ги игра во Америка.

Ла Лига претходно склучи договор со медиумската компанија Релевент според кој некои првенствени натпревари ќе бидат одиграни на американско тло.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, првиот човек на мадридскиот клуб тврди дека тие не се спремни да играат на друго место освен во Шпанија.

„Не сакаме да играме во САД. Не знам чиј е интересот да се игра таму, но не е во интерес на клубовите и навивачите, затоа го отфрламе ова како можност.“

Барселона и Гирона би требало во јануари да играат во Мајами. Ќе видиме дали некој од каталонскиот клуб ќе реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светско првенство во сериозна опасност? Војната на Блискиот Исток може да ги промени плановите на ФИФА

Светското првенство во 2026 година треба да започне за помалку од 100 дена, но зголемените…