Кристиано Роналдо минатото лето го напушти Реал Мадрид и кариерата ја продолжи во редовите на Јувентус, но тој се уште една од главните теми и за него многу се пишува во Мадрид.
Како најголем виновник за неговото заминување во Мадрид го означуваат претседателот на клубот, Флорентино Перез. Наводно, Перез одбил да ги исполни неговите услови, а на крајот тоа го направил Јувентус кој му дал плата од 30 милиони евра по сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон неколку пати во јавноста зборуваше за Перез и Роналдо, а сега го направи тоа повторно.
„Во 2008 година започнавме преговори за Роналдо, но тогаш малку недостасуваше истите да пропаднат и тоа поради Перез кој тврдеше дека Роналдо е преценет фудбалер.
Тој се сомневаше во неговите квалитети. Роналдо тука имаше голем успех и девет години го носеше овој дрес, но Перез никогаш не го почитуваше како што заслужи“, изјави Калдерон.