Дома Топ вести Перез го повика Роналдо да се врати во Реал Мадрид

Перез го повика Роналдо да се врати во Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во интервју за шпанските медиуми изјави дека вратите на „кралскиот“ клуб се секогаш отворени за Кристиано Роналдо.

Како што е познато, Роналдо ова лето на големо изненадување го напушти Реал Мадрид и се пресели во редовите на Јувентус. Меѓутоа, Португалецот стекна легендарен статус во „кралскиот“ клуб каде помина цели 9 сезони.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кристиано е во срцето на секој фан на Реал Мадрид. Доколку го видам кога и да е, ќе го прегрнам. Тој е природниот наследник на Ди Стефано и ќе се обидеме да го вратиме назад во Реал еден ден“, изјави Перез.

Иако целиот фудбалски свет го очекуваше тоа, Перез ова лето не донесе голема ѕвезда која ќе го наследи Роналдо во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…