Претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез во една прилика истакна дека негов сон е да го види Реал Мадрид составен исклучиво од шпански фудбалери.
Денешното издание на „АС“ пренесува дека Реал во наредните сезони ќе може да состави тим исклучиво од шпански фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Хесус Ваљехо и Маркос Љоренте оваа сезона ќе добијат шанса во првиот тим после минатогодишните позајмици, а со евентуалното доаѓање на Себаљос од Бетис би се создала реална шанса за такво нешто.
Еве како би можел да изгледа Реал составен само од шпански фудбалери:
Касиља – Карвахал, Рамос, Ваљехо, Начо- Љоренте, Себаљос, Иско – Васкез, Асенсио, Мората/ Мајорал.