Дома Фудбал Перез го доби случајот со шпански медиум и побара оштета од – едно евро!

Перез го доби случајот со шпански медиум и побара оштета од – едно евро!

Флорентино Перез вчера објави дека го добил случајот против шпанскиот магазин „Конфиденсијал“, кој траеше неколку месеци.

Перез го почна случајот минатата година, кога медиумот објави аудио снимка од негов разговор со лице во далечната 2006 година.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На аудио снимката можеше да се слушне како Перез ги критикува Раул, Икер Касилјас и други ѕвезди, а поради тоа претседателот реши да си ја побара правдата.

Перез смета дека медиумот го прекршил законот, зашто објавил приватни снимки и немале дозвола за тоа, а на крајот Судот во Мадрид досуди во негова корист.

Првиот човек на шпанскиот шампион реши да направи уште еден потег, а тоа е да побара само едно евро како отштета од медиумот, како и извинување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Наполи јасни: Мектоминеј може да замине, но цената е оваа!

Наполи ја објави огромната сума што ја посакува за својата најголема ѕвезда, а тоа е секак…