Дома Фудбал Англија Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготвен за претстојниот дуел со Брајтон.

На прес-конференцијата каталонскиот стратег соопшти и добри вести, а тоа е дека Фил Фоден и Џон Стоунс се опоравиле од полесните повреди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Халанд нема да биде во тимот. Повредата не е сериозна, сепак не е доволно подготвен за утре. Но, Фоден и Стоунс се враќаат во тимот и можеме да сметаме на нив”, изјави Пеп.

Не штедеше Гвардиола пофалби и за колегата на спротивната страна, Роберт Де Зерби.

„Го заокружив Брајтон на гости како еден од најтешките натпревари во сезоната. Брајтон игра неверојатен фудбал и нема да ни биде лесно“, изјави Пеп.

Натпреварот Брајтон – Манчестер Сити е закажан за утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…