Манчестер Сити го донесе Рубен Диаз од Бенфика, со што дополнително ја засили дефанзивната линија.
Се чини дека одбраната е најголемиот проблем во Манчестер Сити, па овој тим во неделата прими дури пет погодоци на Етихад од Лестер (2:5).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола го донесе Диаз за 68 милиони евра, а трансферот со бонуси може да чини и 81 милион.
Во ерата на Пеп на Етихад потрошиле околу 440 милиони само на дефанзивната линија.
Претходно беа донесени Стоунс од Евертон за 50 милиони, Менди од Монако за 57, Волкер од Тотенхем за 49, Лапорте за 62 од Атлетико, Кансело за 60 од Јувентус, за Данило беше платено 28, Ангелино 12 и ова лето пристигна Аке за 45 милиони.