Дома Фудбал Пепе стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите

Пепе стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите

Пепе е новиот најстар фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, ако ги сметаме само играчите на теренот, а не и голманите.

Тоа успеа да го постигне на 40 години и 242 дена. Рекордот претходно го држеше легендарниот Алесандро Костакурта, поранешниот дефанзивец на Милан кој последниот настап во Лигата на шампионите го имаше на 40 години и 208 дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред Пепе останаа само голманите, а тоа се Алан Мекгрегор, Марк Шварцер, Олександар Шовковски, Џанлуиџи Буфон и Марко Балота, кој го држи рекордот со 43 години и 248 дена. Тешко е да се поверува дека Пепе би можел да го достигне овој рекорд.

Пепе во кариерата одигра 115 натпревари во Лигата на шампионите, постигна три гола и асистираше за пет, а освои и три шампионски титули со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен пор…