
Денес беше одигран натпреварот помеѓу Гостивар и Борец во плеј-офот за пласман во првата македонска фудбалска лига.
На тренинг комплексот „Петар Милошевски“, Гостивар и Борец одиграа реми без голови, по што победникот беше одлучен после изведувањето на пенали.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во пенал рулетот поуспешен беше тимот од Велес. Фудбалерите на Гостивар добија прилика први да шутираат, а токму тој пенал ја одлучија серијата – промашија. Во продолжение до
крајот на серијата играчите на двата клуба беа прецизни, па Борец ја однесе победата.
Борец за влез во ПМФЛ го очекува натпревар против прилепска Победа. Овој натпревар ќе се одигра на 2 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица.