Вечерва за место во полуфиналето на Мундијалот во Русија се бореа селекциите на Русија и Хрватска.
Селекцијата на Хрватска влезе како благ фаворит против домаќинот на Мундијалот, а може и да се каже дека така изгледаа работите на теренот. Хрватска беше за нијанса подобра репрезентација, но Русите не се откажаа и имаа свои шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вистинска експлозија на стадионот во Сочи се случи во 31 минута. Човекот кој на овој Мундијал се наметна како резерва за повредениот Џагоев, продолжи со одличните игри, Денес Черишев постигна маестрален погодок за водство на Русите.
Хрватска одговори многу брзо, само осум минути после постигнатиот гол. Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ го пронајде Андреј Крамариќ кој го совлада Игор Акифеев за изедначување.
Во вториот Хрватска беше таа која ја имаше иницијатива. Најголемата шанса ја пропушти Перишиќ кој ја погоди стативата.
Од друга страна Русија пак како што одминуваше времето се повлекуваше и се надеваше дека може да се избори за продолженија и евентуални пенали, до продолженија и стигнаа.
Конечниот резултат после регуларните 90 минути гласеше 1:1.
Во продолженијата домаќинот влезе со јасна цел да се изборат пенали.
И добро им одеше се до 101-та минута кога Домагој Вида после еден изведен корнер од Модриќ, беше највисок во шеснаесетникот и постигна гол за водство на Хрватска.
Кога беше постигнат тој погодок изгледаше како Хрватска да е сигурен полуфиналист, со оглед на тоа што рускиот стратег скоро и да ги повлече сите напаѓачи. Но, Русите не се откажаа, дефанзивецот Фернандес по нафрлувањето од Џагоев во 115-та минута постигнува гол кој не одведе во нов пенал рулет на Мундијалот.
Во изведувањето на пенали поуспешни беа Хрватите. Кај Русите промашија, Смолов и Фернандес, додека кај Хрватите единствен кој промаши беше Матео Ковачиќ.