Ливерпул и Манчестер Сити денес го одигра натпреварот на Комјунити Шилд.
Клубовите кои во минатата сезона водеа жестока борба за титулата во Премиер лигата до последното коло денес го одиграа првиот натпревар во сезоната.
И после 90 минути како и последниот пат кога играа на „Вембли“ победник немаше.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Манчестер Сити беше подобар тим на отварањето од натпреварот. После десетина минути игра Гвардиола беше принуден да менува затоа што се повреди Лерој Сане, засега нема информации од каков карактер е неговата повреда.
Само неколку моменти подоцна Сити успеа да стигне до предност и тоа преку Рахим Стерлинг во 12-тата минута. Впечаток е дека во оваа ситуација лошо реагираше цела одбрана на Ливерпул, како и голманот Алисон.
#CommunityShield What a goal sterling puts Man city ahead. pic.twitter.com/YMrz1K6pc6
— @Wasiomabashir3 (@wasiomabashir3) August 4, 2019
Сити предноста ја имаше се до 77-та минута кога Жоел Матип успеа да ја погоди мрежата на Клаудио Браво.
LIVE: Liverpool 1:1 Manchester City (Matip 78.min) pic.twitter.com/gPMMWOXcYb
— GoalBet (@GucciBet24) August 4, 2019
Од тој момент, а посебно во самиот финиш од натпреварот Ливерпул беше подобриот тим и создаде неколку одлични прилики, меѓутоа резултатот не се промени. Според правилата на Комјунити Шилд не се играа продолженија, туку веднаш се пристапи кон изведувањето на пенали.
Во пенал рулетот поуспешни беа „граѓаните“ кои втора година во низа го освојуваат ова натпреварување.