Дома Фудбал Англија Пелегрино остана без работа: Саутемптон има сериозен проблем

Пелегрино остана без работа: Саутемптон има сериозен проблем

На екипата на Саутемптон никако да и тргне оваа сезона, а „Светците“ моментално се наоѓаат само еден бод над зоната за испаѓање, па сега во прашање се доведува нивниот опстанок во Премиер лигата.

Лошите резултат беа крунисани со саботниот пораз од Њукасл, а го чинеа Пелегрино работа, со оглед на тоа дека челниците на Саутемптон одлучија да му врачат отказ на аргентинскиот стратег на осум кола до крајот на сезоната.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Инаку, Пелегрино во јуни изминатата година го замени Пуел на клупата на премиерлигашот, но челниците на клубот никако не се задоволни со неговата работа.

Ова е шеста во низа сезона на Саутемптон во ПЛ, а во изминатите пет ниту еднаш не завршиле под 14. позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…