Дома Фудбал Пелегрини се враќа на голема сцена: Повторно отворени вратите на европското тло

Пелегрини се враќа на голема сцена: Повторно отворени вратите на европското тло

Мануел Пелегрини последниот европски ангажман го имаше во Манчестер Сити, со кого ја освои и шампионската титула во сезоната 2013/14.

Ги напушти „Граѓаните“ во 2016. година, ја предаде клупата на Пеп Гвардиола и замине во Далечниот Исток.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Потпиша набрзо договор со Хебеј Чајн Форчун, а и денес е на клупата на таа екипа.

Сепак, ова лето би можел да се врати во европскиот фудбал, за да ја преземе екипата на Севиља.

Андалужаните се на пат да се пласираат во Лига Европа, но е јасно дека стручниот штаб ќе доживее промени.

На местото спортски директор би требало да седне Антонио Кордон, кој со Пелегрини соработуваше во Виљареал, и верува дека 64-годишниот Чилеанец би бил негов прв избор за тренер.

Пелегрини и натаму е под договор во Кина, има и понуда од еден тим од Премиер лигата, но расположен е сето тоа да го остави ако му се пружи можност да се врати во Шпанија.

Кордон како што се наведува веќе направил неколку разговори со Пелегрини, но на потписот на Чилеанецот ќе се почека додека Кордон и официјално не биде претставен за спортски директор на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…