Дома Фудбал Педри: Од Реал ме избркаа и ми кажаа дека не сум на нивното ниво

Педри: Од Реал ме избркаа и ми кажаа дека не сум на нивното ниво

Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Педри откри за искуството што го имал во Реал Мадрид.

Педри важи за еден од најголемите шпански таленти, блеска во дресот на Барселона, и е новата „десетка“ на шпанската репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Педри во 2019 година пристигна во Барселона од Лас Палмас, а претходно бил на проба во Реал Мадрид.

„Отидов на проба во Реал Мадрид, тренирав три дена таму. На крајот ми кажаа дека не сум на потребното ниво за да бидам во тој клуб и дека ќе продолжат да ме следат“, откри Педри.

„Сега сум  на местото на кое сакам да бидам. На почетокот не беше лесно да те бркаат од некои клубови, но тоа ми послужи како мотивација и сега уживам во Барселона“, додаде плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…