Манчестер Јунајтед сериозно размислува да ја активира откупната клазула од 120 милиони евра за Јан Облак, пренесуваат англиските медиуми.
Облак во април потпиша нов договор со Атлетико Мадрид и моментално е еден од најдобрите голмани на светот, а Јунајтед покажува сериозен интерес за него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ имаат проблем со Де Геа, кој одбива да потпише нов договор бидејќи бара да стане најплатениот играч на „Олд Трафорд“, и покрај тоа во последно време направи неколку големи грешки, кои директно влијаеа на резултатите.
Поради сето тоа, Јунајтед е одлучен да му пронајде замена и наводно планира да ја активира клазулата на Облак која изнесува 120 милиони евра. Секако, поголем дел од овој трансфер ќе биде финансиран со продажбата на Де Геа.
Manchester United are ready to trigger the £104m buyout clause in Jan Oblak's Atlético Madrid contract. (Source: ESPN) pic.twitter.com/v0rdhqumAm
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 30, 2019
Облак претходно беше на мета на Ливерпул и Челзи, но сепак остана верен на Атлетико, кој нема да може да го задржи доколку се појави клуб кој е спремен да плати 120 милиони евра.
Минатото лето беше срушен светскиот рекорд и Кепа Аризабелага стана најскапиот голман во историјата за кого Челзи плати 80 милиони евра.
Доколку се реализира овој трансфер Облак ќе стане најскапиот голман на сите времиња.