Дома Останати Тенис Паѓаат еден по друг: Ѓоковиќ сруши нов рекорд

Паѓаат еден по друг: Ѓоковиќ сруши нов рекорд

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денеска собори уште еден рекорд, откако по победата против Лоренцо Музети во третото коло на Монте Карло стигна до првото место по процент на освоени мечеви на турнирите од мастерс серијата.

Откако во 1990 година почнаа да се играат турнири од серијата 1.000, Ѓоковиќ одигра 489 мечеви и победи 402 пати, што е процент на успех од 82,2 отсто.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешната победа му овозможи да го надмине Рафаел Надал, кој има учинок од 406 победи и 88 порази на мастерсите, што значи дека победил во 82,1 отсто од своите мечеви.

На третото место е Рожер Федерер со 77,91 отсто победи, потоа Андре Агаси со 74,11, Пит Сампрас со 73,08, Стефан Едберг со 72, Енди Мареј со 69,51, Томас Мустер со 69,18 и Енди Родик со 69,16 отсто.

Овие податоци јасно покажуваат колку навистина е импресивна доминацијата на Ѓоковиќ на мастерс турнирите во споредба со неговите легендарни ривали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…