Дома Фудбал Италија Пауло Дибала снимил видео со кое се збогува од Јувентус

Пауло Дибала снимил видео со кое се збогува од Јувентус

Пауло Дибала ова лето бил толку блиску од заминување од Јувентус, па дури и снимил видео со кое се збогува од „старата дама“, откриваат италијанските медиуми.

Маурицио Сари сметаше дека Дибала нема да се вклопи во неговата формација, па „бјанконерите“ го ставија Аргентинецот на трансфер листа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дибала во еден момент беше на чекор од Манчестер Јунајтед како дел од трампа за Лукаку, но трансферот пропадна во последен момент.

Потоа за него конкрентна понуда испрати и Тотенхем, но Дибала реши да ја одбие и остана во Јувентус, каде е еден од најдобрите поединци оваа сезона.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот бил толку блиску до заминување, па дури снимил видео за збогување, кое требало да биде објавено откако ќе биде комплетиран трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…