Дома Фудбал Останато Патот на полскиот голгетер и неговото презиме – како е правилно „Пијатек“ или „Пјонтек“?

Патот на полскиот голгетер и неговото презиме – како е правилно „Пијатек“ или „Пјонтек“?

Изгледа нема да има многу дискусија за тоа кое е најголемото засилување оваа зима во Серија А бидејќи на сите им е јасно дека тоа е Криштоф Пјонтек.

За оние кои не знаат станува збор за 23 годишен полски напаѓач кој минатото лето стигна во Серија А, а до денес стигна и да направи еден голем трансфер и целосно да го сврти вниманието на себе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Патот на Пјонтек беше навистина интересен. Израсна во клубот во неговиот роден град, а во 2013 година направи трансфер во Заглебие Лубин кој изнесуваше 12.000 евра.

Три ипол години Пјонтек помина во Заглебие од каде што пред крајот на летниот преоден рок во 2016 прави трансфер во Краковија вреден 700.000 евра и тука започнува неговиот пат во нагорна линија. Во првата сезона постигна 12 голови на 32 натпревари, а потоа во сезоната 2017/2018 на 36 натпревари постигна 21 погодок.

Тоа беше одлична препорка европските клубови да тргнат по неговиот потпис, на крајот го доведе Џенова за сума од 4.5 милиони евра. За само половина година го продадоа на Милан за 36 милиони евра и тоа доволно зборува каков потег направија.

Пјонтек одлично ја започна сезоната во новиот клуб и вчера постигна два погодоци во победата од 2:0 во четвртфиналето во купот.

Она што често се доведува во прашање е точниот изговор на неговото презиме. Ако досега се чудевте кога некој го изговораше Пјонтек немојте повеќе – така е правилно.

Неговото презиме изворно се пишува “Piątek”, а во Послка буквата „ą“, се изговара „он“. Ако подобро погледнете ќе видите дека на неговиот дрес ја има таа буква (ą).

И самиот Пијатек неколку пати објасни дека неговото презиме се изговара „Пјонтек“, а тоа го усвои и официјалниот спикер на вчерашниот натпревар против Наполи.

https://youtu.be/WtBVwwGvxMg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…