Парма ја очекува грчевита борба за опстанок до крајот на сезоната, па работи на засилувања на тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Парма веќе договорило две големи засилувања и тоа од Барселона и Милан.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Станува збор за дефанзивецит Жан Тобидо, играч на Барселона кој моментално се наоѓа во Бенфика. Сега ќе пристигне во Парма на позајмица до крајот на сезоната.
Од Милан пристигнува десниот бек, Андреа Конти, исто така на позајмица, но со задолжителен откуп на лето за 7 милиони евра.
Тренерот Даверса верува дека овие засилувања ќе му помогнат Парма за избори опастанок во Серија А.