Денес се затвара трансфер пазарот во Италија, а тамошните медиуми пренесуваат дека Парма е пред комплетирање на големо засилување.
Имено, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Жервињо денес треба и официјално да стане нов член на Парма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жервињо во моментов е член на кинески Хебеи, но сака да го раскине договорот и да се врати во Европа, па веќе се договори со Парма.
Жервињо, наводно, се договорил за тригодишна соработка со повратникот во Серија А, Парма, а денеска треба да има лекарски прегледи и да потпише договор.
Ова за 31-годишниот напаѓач ќе биде враќање во Серија А каде од 2013 до 2016 играше за Рома и во тој период постигна 17 огла на 71 меч.