Фудбалерот на Тотенехм, Сон истакна дека не сака да оди во Саудиска Арабија бидејќи парите во овој момент не му значат многу.
Желбата на Кореецот е да остане во Тотенхем и да оствари успех во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имам многу работи да направам во Премиер лигата. Парите сега ништо не ми значат, важно е играњето со гордост, сакам да ја играм омилената игра онаму каде што најдобро се чувствувам. Сакам повеќе да играм за Тотенхем во Премиер лигата. Добро ќе се спремам кога ќе се вратам“, изјави Сон, за „Скај“.
За јужнокорејскиот репрезентативец заинтересиран е Ал Итихад, но Тотенхем не сака да го продаде на саудискиот клуб. За тој клуб потпишаа Карим Бензема од Реал Мадрид и Н’Голо Канте од Челзи.
Сон сезонава одигра 47 натпревари за Тотенхем и постигна 14 голови.