Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев уште еднаш зборуваше за недостатоците и ја критикуваше ситуацијата во македонскиот фудбал.
Панчев во изјава за Институтот за комуникациски студии порача дека треба да се подобри статусот на фудбалерите кои играат во македонското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Економијата е ослабена, па така и спортот е послаб. Тоа се поврзани работи. 90% од фудбалерите во македонската прва лига зимаат толку мали плати што се срамат да кажат ека се фудбалери. Властите треба да најдат решение. Ние како граѓани сме тука да помагаме, да критикуваме, а на нив е дали ќе променат нешто. Јас сакам подобро општество тука затоа што моите деца ќе живеат тука. Можев да живеам и во странство, но се решив за Македонија“, изјави помеѓу другото Панчев за Институтот за комуникациски студии.