Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за „SportBuzzer“ зборуваше на разни теми, а една од темите и Манчестер Јунајтед кога Сер Алекс Фергусон сакал да го доведе.
Панчев по одличниот период во Звезда направи трансфер во Интер каде што не се прослави и постигна само два гола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во тоа време бев многу баран и имав многу понуди, но за жал избрав погрешен клуб (се смее). Интер тогаш имаше просечен клуб, во сенка беше на Милан. Исто имав и огромни разлики во мислењата со тогашниот тренер.
А зимата добив понуда од Сер Алекс Фергусон, но не ја прифатив зошто сакав да им докажам на Италијанците дека можам да успеам во Серија А. Кога ќе погледнам сега наназад, морам да признаам дека тоа ми беше глупост!“, изјави Панчев.
На крајот Интер го позајми во германски Лајпциг каде што помина шест месеци.
„Бундеслига и градот веднаш ми се допаднаа. Бев позајмен на Лајпциг на шест месеци на некој начин како Интер во суштина сакаше да ме санкционира. На почеток тренер ми беше Бернд Штанге но мораше да замине по кратко време поради слаби резулати. За жал на крај испаднавме“, зборува Панчев.