Легенарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев во интервју за хрватските медиуми меѓу другото, проговори и за периодот во кариерата кога бил спортски директор на Вардар.
Во сезоната 2017/18, „црвено-црните“ го доживеаја најголемиот успех и играа групна фаза од Лига Европа, но наместо да се продолжи со напредокот, клубот забележа голем пад.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кога станува збор за Вардар, се случуваше нешто чудно. Јас и Илија Најдоски дојдовме во Вардар за да го подобриме квалитетот на тимот и да станеме конкурентни во Европа. Тоа набргу и ни успеа, направивме големо изненадување, го елиминиравме Фенербахче. Клубот заработи многу пари со пласманот во фазата по групи во Лига Европа“.
„Очекувавме дека луѓето што го водеа клубот ќе инвестираат пари во трансфери на квалитетни фудбалери за Вардар да биде уште поконкурентен. За жал, се случи спротивното, наредната година воопшто немаше пари, се должеше кон сите, некои играчи си заминаа, не беа донесени адекватни замени и резултатите беа катастрофални. Јас и Најдоски видовме дека нема ништо од она што се договоривме на почетокот и поради тоа полека, полека се повлековме и повеќе не сме во Вардар. Зошто тоа било така, може да го објаснат луѓето што го водат клубот“, истакна Панчев.