Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев спремен да ги нападне Израелците – на Ангеловски е да одлучи!

Пандев спремен да ги нападне Израелците – на Ангеловски е да одлучи!

Пред утрешниот натпревар со Израел денес прес конференција за медиумите одржаа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски порача дека секој натпревар е важен кога игра репрезентацијата и испрати порака до навивачите да дојдат да ги поддржат во овој последен квалификациски натпревар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се радувам што на последните натпревари стадионот беше прилично исполнет, секој натпревар за репрезентацијата е важен. Ние ќе излеземе на терен и ќе се обидеме да ги израдуваме оние што ќе дојдат да не поддржат.

„Со Израел доволно се познаваме, нивни најважен играч е Захави, тој е еден од водечките стрелци во квалификациите. За проблемите не сакам да зборувам, од она што го имам на располагање ќе се обидам да извлечам максимум“.

Пандев имаше проблем со повреда, но сега изгледа ќе биде спремен да истрча на теренот.

„Јас сум спремен на селекторот е да одлучи дали ќе играм“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…