Дома Фудбал Репрезентации Пандев, Нестор, Џани, Висар, Елиф, Егзон…СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ИСТОРИЈА!

Пандев, Нестор, Џани, Висар, Елиф, Егзон…СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ИСТОРИЈА!

Дојде и денот кој толку долго го чекавме – МАКЕДОНИЈА СЕ БОРИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП!

12.11.2020 може да биде датум испишан со златни букви во македонската фудбалската историја во оваа чудна и тешка година. Цела спортска јавност денес е со мислите во Тблиси каде што нашите момци ќе водат битка за прв пласман на едно големо натпреварување.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Желбата, мотивот…Се на најависоко ниво во тоа нема никакви дилеми. Сите веруваме дека вечерва ќе славиме пласман на ЕП.

Денес нашите ќе излезат на терен и ќе се борат до последниот атом на силите во тоа сме сигурни, ќе играат за себе, за државата, за Барди, Велкоски, Ристевски кои за жал не можеа да помогнат, за нашата икона Горан Пандев!

Гоче заслужи! Гори од желба да ја води Македонија на Европското првенство и така на блескав начин да ја заврши кариерата, затоа момци играјте како што Елмас сака да каже за за „батко Пандев“!

И редно е да се радуваме на фудбалерите. Поминаа кошаркарите, ракометарите, одбојкарите…Сега е време на Европа да и покажеме дека и ние имаме нешто да кажеме кога е фудбалот во прашање.

Хемијата во репрезентацијата треба денес да блесне во полн сајај за на крајот и сите заедно да славиме.

Пандев, Нестор, Џани, Висар, Елиф, Егзон, Алекс, Адеми…Вие играјте како еден, ние ќе навиваме како едно – СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ИСТОРИЈА И ПЛАСМАН НА ЕП!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…