Дома Македонски спорт Пандев за Спортски: На Ристовски му кажав лентата да ја носи во Катар, овие момци покажаа дека се зрели!

Пандев за Спортски: На Ристовски му кажав лентата да ја носи во Катар, овие момци покажаа дека се зрели!

Македонија вчера го победи Исланд и обезбеди место во баражот за Светското првенство кое ќе се игра наредната година во Катар.

После натпреварот капитенот Стефан Ристовски откри дека за среќа носел посебен подарок од Горан Пандев – капитенската лента од последниот натпревар кој го одигра за репрезентацијата, против Холандија на Светското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да јас му ја подарив после натпреварот со Холандија за спомен и му кажав да ја носи на Светското првенство во Катар, а тој ја ставил вчера“, низ смеа ни прокоментира прокоментира Пандев.

И ние и Пандев се надеваме ќе ја носи и на Светското првенство.

„Убеден сум дека ќе се пласираме на Светското првенство, само да не посака ждрепката во баражот“.

За натпреварот со Исланд?

„На вакви натпревари најважно е да победиш, играта е во втор план. Нашите момци покажаа дека се зрели за големи натпревари и тоа веќе во континуитет го покажуваат на големи натпревари. Не случајно кажав дека ова е најдобрата репрезентација во историја на мак фудбалот“, ни изјави Пандев.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…